Пензионери|

Општина Центар посветува внимание на нејзините повозрасни сограѓани, преку спроведување на најразновидни активности со цел и приоритет тие да ги поминат попријатно нивните пензионерски денови. Покажавме дека се грижиме за рекреативниот и културниот живот на нашите пензионери од Центар со организирана пролетна еднодневна екскурзија, на која тие и се израдуваа.
Членовите на Здружението на пензионери на Општина Центар уживаа во пролетните денови во македонскиот туристички центар Крушево, кој изобилува со богата традиција и староградска архитектура, место познато по Мечкин Камен, Македониумот, Гумење, галеријата на Мартиновски, а сега и по Спомен куќата на Тоше Проевски.
Пензионерите од Центар го посетија и манастирот „Свети Преображение“, каде имаа еколошки активности и посадија багреми во близина на манастирскиот комплекс.
Остануваме отворени за соработка со пензионерите од нашата општина.

Comments are closed.

Close Search Window