Активности, Образование, Спорт и млади|

Општина Центар во соработка со Шаховскиот сојуз на Град Скопје и Шаховска Федерација на РСМ организираше шаховски турнир за учениците од основните училишта во Општина Центар.
Преку овој шаховски турнир, Општина Центар ги поттикнува учениците да се дружат, да споделуваат знаења, да ја развиваат меморијата и мисловните вештини.

Шахот како спортска дисциплина им овозможува подобрување на концентрацијата, математичките вештини и логичкото размислување кај децата.

Општина Центар им честита на сите ученици што освоија пехари и најдобри резултати и веруваме дека ќе продолжат да се натпреваруваат на идни натреварувавања што ќе бидат поттик за поголеми шаховски успеси.

Comments are closed.

Close Search Window