Образование|

Нашите најмали заслужуваат најдобри услови за безгрижно детство. Навистина е гордост да ги гледате нашите мали и умни глави колку сериозно се подготвиле за претставата и одбележување на 76-годишнината од патрониот празник на нивната градинка.
Затоа, во изминатиот период објектот Пинокио го збогативме со дидактички материјали и целосно го модернизиравме внатрешниот простор. Ги реновиравме занималните и ходниците, го реконструиравме ентериерот, извршивме замена на внатрешната столарија, прозорците и паркетот, тоалет на горниот кат, а направивме и целосна замена на електричната инсталација како и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа.
Продолжуваме да обезбедуваме услови за среќно детство на нашите најмали Центарци!

Comments are closed.

Close Search Window