Образование|

Огромна благодарност и поддршка за Аида Петровска, наставничка по физика во ООУ „Димитар Миладинов“, која со својата посветеност, заложба и креативна настава постигнува врвни резултати во образованието и промовирањето на нашата Општина.
Се работи за наградуван и признат едукатор, една од ретките наставници со јавен профил за отворени образовни ресурси, сопствен едукативен јутјуб канал, блогови и сајтови достапни за сите ученици во државата, но и за колегите приправници.
Со ова признание и финансиска поддршка ја охрабруваме да продолжи со модерниот наставен пристап близок до новите генерации, популаризирање на природните науки и афирмација на Општината.

Comments are closed.

Close Search Window