Комунални дејности, Образование|

Општина Центар продолжува со реконструкција на детските игралишта. Детското игралиште близу Градската болница кај поранешен Јукан има комплетно нови реквизити, а реконструирана е и подлогата. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека новите реквизити односно лизгалка, 2 лулашки и 4 коцки за качување на ова детско игралиште ќе ја вратат детската смеа и детскиот џагор во овој дел од населбата. На игралиштето извршена е и санација на две клупи за седење и следење на детската игра.

„Во убавите сончеви денови на ова детско игралиште повторно ќе ечи детската смеа. Вложувањето во детски реквизити за правилен раст и развој е вложување во здравјето на нашите дечиња. Затоа од минатата година реконструиравме неколку детски и спортски игралишта со цел да обезбедиме катчиња за децата и нивната безгрижна игра“, порачува Герасимовски.

Општина Центар изминатиот период ги реконструираше детските игралишта кај Градски ѕид кај „Коктел Бар“, близу Зелен пазар, детското игралиште на ул. „Славејко Арсов“ на Водно, детските и спортските игралишта во Капиштец и направи ново мало фудбалско игралиште кај „Кам маркет“ во Дебар Маало и ново инклузивно детско игралиште близу трговскиот центар „Зебра“. Периодов се демонтира и малото фудбалско игралиште близу зградата на ССМ и на истото ќе бидат поставени нови голови, подлога и нова ограда.

Comments are closed.

Close Search Window