Едно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед. Заменети се детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.
Со ревијален натпревар во кошарка во реконструираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги затвори училишните спортски игри „Лига Центар“ 2025/26.
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел популаризација на рок музиката во урбаната средина и поддршка на младите и неафирмирани музичари, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Звукот на иднината (We Will Rock You)“.
Се донесува Решение за свикување на шестата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 24.4.2026 година /петок/ во 11.00 часот.
Согласно Конкурсот за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата за 2026 година и Извештајот од Комисијата за рангирање на пријавите од поединци, здруженија на граѓани и други организации од областа на културата се финансираат следните проекти
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар-Скопје секоја година доделува награди и пофалници за најдобрите наставници и стручни соработници од општинските основни училишта што се на нејзина територија, во согласност со Програмата за образование за 2024 година.
Општина Центар-Скопје распишува конкурс на тема „Учиме да рециклираме – заедно креираме“ за избор на најдобрo уредено училиште (училница или хол) со рециклирани материјали.