Социјална заштита|

Денеска гости во кабинетот на градоначалникот Горан Герасимовски беа 20 деца од девет згрижувачки семејства од нашата општина. Си посакаа искрени желби за добро здравје во годината што доаѓа. Се дружеа и разговараа за проблемите со кои се соочуват. За овие деца е особено важно да се чувствуваат заштитени и прифатени, а ние во Општина Центар се трудиме секогаш да им излеземе во пресрет. Овојпат им обезбедивме облека, обувки и ранци во вредност од 60.000 денари, што е дел од програмата на Комисијата за еднакви можности – КЕМ. Благодарност и до згрижувачите бидејќи тоа е многу благодарна, хумана и исполнителна работа.

Comments are closed.

Close Search Window