Активности|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска ја додели највисоката општинска награда Феникс за особени постигнувања во стопанството, уметноста, воспитувањето и образованието, спортот и повеќе области од трудот и творештвото.

Честитајќи им на наградените, Герасимовски рече дека Општината ќе продолжи да ги мотивира и вреднува успесите на своите граѓани кои со своите постигнувања ја промовираат општината во државата и во светот.

„Општина Центар се гордее со вашите резултати и постигнувања. Наградата нека биде поттик за постигнувања со кои ќе се афирмира  нашата општина и држава“, истакна Герасимовски.

Во категорија наградени поединци и групи – творци се:

Енис Бајрам, за постигнувања во заштита и спасувањето, Валентина Ангелковска, за постигнување во образованието. Во категорија наградени ученици и студенти се: Марко Пиперевски за постигнување во природните науки, Ива Амелија Микулчиќ, за постигнување во уметноста, Мартина Лазаревска, за постигнување во спортот, Лукијан Лазаров, за постигнување во литературата. Наградените граѓани добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.

Со наградата „Феникс“ Општина Центар ги поддржува центарци веодно ги мотивира да останат успешни во развојот и афирмација на општината во државата и надвор од неа.

Comments are closed.

Close Search Window