Герасимовски: Награди и признанија за првенците на генерација,  по 20.000 денари за најуспешните ученици од Општина Центар

08.06.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици.

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

08.06.2026
Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ ,  музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.

Герасимовски: Доделени пехари и награди на Пензионерските спортски игри, Центар го поттикнува активниот живот во третото доба

05.06.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели 30 пехари и симболични награди на победниците на Пензионерските спортски игри 2026, кои се натпреваруваа во пет дисциплини : пикадо, табла, домино, фудбал и кошарка, во машка и женска конкуренција.

Герасимовски за Умно: 12 милиони денари за санација на игралишта, вандализмот причина за постојани реконструкции

03.06.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во разговор за Умно.мк за состојбите и односот кон јавниот простор посочува дека општината континуирано спроведува кампањи и мерки за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на урбаната и јавната инфраструктура.

Герасимовски: „Патувачкото кино“ донесе радост во Центар,  вечерва нови проекции под отворено небо

03.06.2026
Со многу детска љубопитност, дружење и убава атмосфера започна „Патувачкото кино“ на Општина Центар.  Вечерва проекциите ќе се одржат на две локации: во 20:00 часот на игралиштето на ООУ „Ј. Х. Песталоци“, а во 21:00 часот на „Плочник“ во Градски ѕид.

Герасимовски: „We Will Rock You“,  концерт со млади бендови и рок класици во недела во Паркот на Франкофонијата

02.06.2026
Општина Центар информира дека на 7 јуни (недела), со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Парк на Франкофонијата ќе се одржи концертот „We Will Rock You“, во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови , повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

02.06.2026
Општина Центар вечерва, со почеток од 20:00 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни.

Герасимовски на терен со деканот на Градежниот факултет: Започна затрупување и обезбедување на градилиштето на „Теодосиј Гологанов“, инспекциите продолжуваат со најстроги мерки

28.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат.

Герасимовски: Првото возило бесплатно, третото е луксуз – воведуваме ред во паркирањето во Центар

28.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители.