Образование|

Денес се одбележаа 72 години од општинската детска градинка „13 Номеври“ во Општина Центар. По повод одбележување на патрониот празник, присутни гости беа: министерката за труд и социјална политика, г-а Јованка Тренчевска, директорот на Бирото за развој на образованието и претставници од други институции.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во своето обраќање ги поздрави присутните и истакна:

„Гледајќи ја приредбата, таа разиграна младост, таа безгрижност, се потсетивме и на сите оние кои ги положија своите животи за да уживаме во овие убави мигови на слободата, на овој убав ден кога градинката ,,13 Ноември’’  го прославува патрониот празник, Денот на ослободувањето на Скопје. Затоа да го негуваме она што го имаме, а тоа се нашите идни генерации, нашите најмлади, во кои Општината контиунирано и посветено вложува. Нека е честит патронатот и нека ни е вековит Денот на ослободувањето на Скопје“.

Comments are closed.

Close Search Window