Буџетски форум|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинската администрација ги покануваат граѓаните на расправа за буџетските форуми за 2024 година која ќе се одржи во среда на 8 ноември во ОOУ „Ј.Х. Песталоци“ од 18ч. Овие форуми овозможуваат граѓанско партиципативно учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови.

„Ги поканувамe граѓаните да земат учество на граѓанските форуми со цел заеднички да ги креираме програмите и проектите со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. За нас е особено важен нивниот придонес како и нивните потреби. Затоа е важно да продускутираме добиеме предлози, да ги слушнеме секторите и дел од овие предлози ги преточиме во проекти и ги планираме во буџетот за следната година“, вели Герасимовски.

На овие буџетски форуми градоначалникот Герасимовски ќе ги претстави капиталните проекти за следната година и проектите на кои општинската администрација работеше во изминатите две години. Општина Центар продолжува да гради блиски и лични средби со граѓаните со цел граѓаните да добијат проекти, кои ќе им го подобрат животот во населбите во коишто живеат.

Comments are closed.

Close Search Window