Активности, Образование, Спорт и млади|

Денес во спортската сала на ООУ „11 Октомври“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги отвори училишните спортски игри – Лига Центар 2023/2024 и со спортски поздрав им посака ферплеј во идните спортски натпревари.
Ученици од сите осум општински основни училишта на територијата на Центар ќе се натпреваруваат во пет спортски дисциплини, односно во кошарка, ракомет, фудбал, одбојка и шах.
Се надеваме дека со овие училишни игри ќе ги поттикнеме основците да се посветат на спортот, да го развиваат тимскиот дух и да се дружат.
По повод роденденот на Општината – 3 ноември, градоначалникот и претставници од Одделението за образование, млади и спорт, доделија 40 стипендии за успешни млади спортисти – ученици во основните училишта во Општината.

Comments are closed.

Close Search Window