Активности, Образование|

На учениците кои постигнаа високи резултати на државни и меѓународни натпревари во повеќе научни дисциплини, Општина Центар им додели стипендии за учебната 2023/2024 година. Стипендиите се во висина од 2.500 и 3.000 денари и истите ќе бидат исплаќани на месечно ниво до крајот на учебната година.
Градоначалникот Горан Герасимовски им честита на стипендистите за досегашните успешни резултати и им посака поголем поттик и мотивација за да се развиваат во успешни и перспективни кадри.
По повод Денот на Општината беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема “Мојот Центар, мојот мал свет“.

Comments are closed.

Close Search Window