Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана
11.09.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за односот кон претседателката на Советот и општинските служби за време на јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт Ј 05 – Барутана.
Интерен Оглас 3/2026
Оглас број
3/2026
Оглас објава
Оглас рок
Оглас состојба
Активен
Интерен Оглас 2/2026
Оглас број
2/2026
Оглас објава
Оглас рок
Оглас состојба
Активен
Ј А В Е Н П О В И К за ангажирање лични асистенти во проектот „Образование за сите“
04.09.2026
Заинтересираните лица што ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар-Скопје, во учебната 2026/2027 година. Тие ќе имаат скратено работно време од дваесет (20) работни часа неделно, во период од осум (8) месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година.
Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози
02.09.2026
Општина Центар ги известува граѓаните дека утре, 3 септември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар, барака 6, ќе се одржи јавна презентација на Нацрт – Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана.
На јавната презентација граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со предложените плански решенија и да добијат повеќе информации за Нацрт-планот.
Герасимовски: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го отворија патот за спорната градба кај „Кузман“
01.09.2026
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на денешната 11. седница на Советот на Општина Центар не ја поддржаа Предлог-одлуката за суспензија на дел од ДУП „Буњаковец 1“, со која требаше да се спречи реализацијата на спорната градба кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, сè додека не се обезбедат безбедни и правно сигурни услови за пристап и реализација на објектот.