Активности|

Општина Центар повторно го санираше кошаркарско игралиште на ул. Славка Недиќ откога по
вторпат беше оштетено. Овој пат несовесни жители ја оштетиле подлогата на која и истуриле
киселина и искршиле дел од урбаната опрема, канти и клупи. Екипи на општинските служби со
механизација извршија санирање и направија записник на оштетената опрема, а градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повторно апелира доколку се затекне вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот и лицата да ги пријават во општината.

„Повторно го саниравме детското кошаркарско игралиште „Славка Недиќ“ на кое пред два месеци несовесни граѓани имаа истурено уље на подлогата. Овој пат повторно беше уништено поради истурена киселина. Навистина е жално и срамно ова што се прави и навистина се обидувам да разберам која е причина и потребата за ваков вандализам. И за ова мора да застанеме сите заедно и да ги спречиме овие појави. Затоа повторно ве повикувам сите вие кои ќе затекнете насилно однесување и уништување на игралиштата или урбаната опрема да го пријавите тоа.

Овие денови детската игра која значи правилен раст развој и социјализација беше прекината
поради оваа недолична причина, да не го дозволиме тоа“ порачува Герасимовски.

Општина Центар повторно ги известува граѓаните дека уништувањето на урбаната опрема
претставува прекршочно дело за што следуваат високи парични казни. Согласно Законот за јавна чистота, поради обезбедување на јавна чистота на јавни површини по член 114 – а забрането е уништување на урбана опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта). За уништување на урбана опрема општинската комунална инспекција изрекува прекршочни глоби во висина од 150 евра во денарска противредност за физички лица или од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за правни лица и 300 евра за одговорното лице.

Општина Центар со цел да ги зачува детски игралишта и го заштити јавното добро ги повикува и месните и урбани заедници да се вклучат во подигањето на свеста за зачувување на урбаната
опрема и да се вклучат во конкретни активности кои ќе придонесат за подобрување на состојбата.

Comments are closed.

Close Search Window