Активности|

Објектот Пинокио, клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ добива санација на фасада, комплетна реконструкција на кровот. Надворешните тераси и внатрешноста на целиот објект. Во внатрешниот дел на објектот се работи во занималните и ходниците каде што се изведува реконструирање на дел од ентериерот, замена на внатрешната столарија и целосна замена на електричната инсталација и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа.

„Квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите. Затоа периодов работиме на обновување на фасадната и кровната конструкција и во објектот Пинокио со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата особено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе допринесат до поквалитетен воспитно образовен процес и зголемен конфор за децата“, порача Герасимовски.

Се работи интензивно со цел да се овозможат  подобри услови за престој на децата во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, а летниот период е поволен за извршување на градежните зафати, кои според предвидената динамика се планира да бидат завршени до крајот на август. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандарди.

Comments are closed.

Close Search Window