Активности|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен, на Водно каде се забележани градежни дејствија. Станува збор за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

„На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на  градежните активности, а сопственикот е повикан во општина каде ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме не почитување на законите и уништување на зеленилото заради нечие самоволие“, рече Герасимовски на Водно.

Герасимовски повторно потсети сопствениците да парцелите на Водно да не се излетуваат и ги прекршуваат законите. Онаму каде не е предвидено не смее да се гради, Водно останува на граѓаните.

Comments are closed.

Close Search Window