Спорт и млади|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по иницијатива на учениците, родителите и наставниците од ООУ „Киро Глигоров“, го отвори првиот Меморијален турнир во баскет во чест на прерано згаснатиот млад живот на Лука Кртов.

„Сите во нас имаме измешани чувства на тага и болка што не можат да се опишат со зборови. Сите сме овде заедно да направиме Лука никогаш да не биде заборавен. Ќе засадиме и дрвца што со поставената клупа на оваа генерација, но уште и на многу идни генерации ќе им биде место за дружба, весели училишни денови, џагор и смеа“, истакна градоначалникот Герасимовски во своето обраќање пред присутните во ООУ „Киро Глигоров“.

Меморијалниот турнир во баскет, кој е под целосно покровителство на Општина Центар, ќе се одржува секоја година по повод патрониот празник на училиштето и ќе биде потсетник на спортскиот и ведар дух што во себе го носеше младиот Лука. Учествуваа екипи од сите осум основни училишта, а за најдобрите беа обезбедени пехари, медали и дипломи. Натпреварувачите беа облечени во маички со ликот на Лука, кој беше ученик од првата запишана генерација што ќе заврши во училиштето „Киро Глигоров“ и преку училишниот кошаркарски клуб се натпреваруваше во Лига Центар.

Пехарите и медалите ги освоија следните екипи: ООУ „Коле Неделковски“-прво место, ООУ „Димитар Миладинов“ –второ место, ООУ „Кочо Рацин“ –трето место.

Comments are closed.

Close Search Window