Активности|

Градоначалникот Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со директорката на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, г-а Савка Тодоровска и разговараа за понатамошните заеднички активности што ќе се имплементираат во Општина Центар.

Активностите ќе опфатат унапредување на родовата еднаквост и различност, како и подобрување на услугите и пристапот до сервисите на ранливите групи, особено на жените жртви на семејно и родово-базирано насилство.

Преку соработката со НСРР, жителките на Општина Центар ќе добијат бесплатна психо-социјална и правна поддршка во специјализирано советувалиште за жени жртви на семејно и родово-базирано насилство. Додека, секој граѓанин може да пријави насилство на националната, бесплатна, мобилна СОС линија на 141700, која што е достапна 24 часа и гарантира доверливост за жртвите и сведоците на насилството.

Comments are closed.

Close Search Window