Активности, Совет|

Општина Центар ја добива првата фотоволтаична централа наменета за ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ објект Пепелашка. Станува збор за донација од компанијата ОКТА АД – Скопје која советниците ја прифатија на вчерашната 22 Седница на Совет.

Компанијата ОКТА АД – Скопје по претходно добиени информации за потрошувачката на енергија во оваа градинка донира фотоволтаична централа со капацитет од 20 кв која според проценката целосно ќе ги задоволи потребите на градинката. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на компанијата ОКТА и изрази благодарност за донација.

„Имавме два состаноци со одговорните на компанијата ОКТА на кои ги разгледавме нивните финансиски можности и капацитетите на предучилишните установи кои ќе треба да се задоволат. Градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ односно објектот Пепелашка се покажа како најсоодветен според анализите на претпоставените лица од компанијата по што фотоволтаичната централа ќе биде поставена во тој објект. Искрено сум им благодарен на ОКТА и се надевам дека во текот на годината интерес за донација на фотоволтачни централи ќе пројават и други општествено одговорни компании“, изјави Герасимовски на седницата.

Покрај донацијата корпоративната општествено одговорната компанија ОКТА АД – Скопје ги презема и трошоците за подготовка, потребни дозволи и решенија, како и изведбата на проектот односно инсталацијата на централата.

Општина Центар неодамна го формираше трговското друштво „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија. Општина Центар ќе продолжи да вложува во проекти кои носат бенефит за општината и граѓаните.

Comments are closed.

Close Search Window