Активности, Проекти|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“ која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во Општина Центар. Се информираше за текот на градежните зафати и напредокот на самата градба.

„Одлично се одвива динамиката за изградба на најмодерната градинка во Општина Центар, градинката „Пролет“. Со градежни работи започнавме во јули минатата година и градбата напредува, во моментов околу 40% од градежните зафати се готови. Градинката „Пролет“ ќе се простира на површина од 3.276 метри квадратни, ќе биде на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални. Ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар со изолација за дете и сопствена кујна со трпезарија за свежо приготвена и здрава храна за дечињата“, посочи Герасимовски.

Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра. Со изградбата на оваа градинка која е единствена во населбата „Пролет“, Општина Центар решава огромен неколку децениски проблем за родителите кои децата на згрижување ги носат во соседните населби. Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра.

Општина Центар останува посветена и фокусирана во реализирање на проекти за сите граѓани вклучувајќи ги и најмладите.

Comments are closed.

Close Search Window