Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.
Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината.
Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните.
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на науката од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на спортот од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на културата од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, е уверен дека новата граѓанско-административна зграда ќе биде завршена до крајот на 2029 година.
Општина Центар утринава спроведе интензивно миење на улиците во сите населби на територијата на локалната самоуправа. Цистерните и метларките на ЈП „ПОЦ“ ја миеја прашината на улиците и тротоарите, го освежуваа и расчистуваа просторот околу контејнерите.
Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски,: Хуманитарен базар „Симит и погача“ во Дебар Маало , заедно да го прославиме 13 Ноември со хуманост и сплотеност
Се донесува Решение за свикување на првата конституитивна седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 19.11.2025 година /среда/ во 13 часот.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето на Лига Центар за учебната 2025/2026 година, додели 48 спортски стипендии на ученици од основните училишта во општината, како признание за врвните резултати постигнати во различни спортски дисциплини
Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината.