Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање 

10.02.2026
Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.  На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа,  Дебар Маало добива уредена  пешачка  и  резиденцијална зона 

09.02.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона.

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари

29.01.2026
Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска  поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари.

Герасимовски: Започна темелна трансформација на просторот на потегот во Градски Ѕид

29.01.2026
Герасимовски: Започна темелна трансформација на просторот на потегот во Градски Ѕид Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“.

Герасимовски со ансамблот „Орце Николов“: Македонската традицијата е дел од нашата програма

27.01.2026
По повод 80 години постоење на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со раководството на културно-уметничкото друштво.

Герасимовски:Преку Сервисот за стари лица, нашите сограѓани добиваат помош, грижа и човечка топлина во домот 

26.01.2026
Општина Центар продолжува да обезбедува непосредна поддршка за своите повозрасни сограѓани преку проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“.

Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026

22.01.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска во просториите на Здружението на пензионери на Општина Центар присуствуваше на одбележувањето на 72 години од постоењето на организацијата.

Герасимовски: Солидарни пакети за нашите пензионери со ниски примања, хуманоста ни е приоритет 

21.01.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Општинската организација на Црвениот крст – Центар и Сојузот на пензионери на Општина Центар, доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи на пензионерите со ниски примања кои живеат во општината.

Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен, телефоните се отворени за пријави

21.01.2026
Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен, телефоните се отворени за пријави