Активности|

Со завршувањето на реконструкцијата на последните 2 тоалети, се завршува целосната реконструкција на санитарните јазли во детската градинка „13 Ноември“ – објект Беко во Општина Центар.

Денес, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорката на градинката „13 Ноември“, Ружица Биџовска и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска, направија обиколка на градинката со цел лично да се запознаат со завршените работи.

„Со овие два реконструирани тоалети ја заокружуваме реконструкцијата на сите тоалети во детската градинка „13 Ноември“ – објект Беко. Во денешната обиколка на градинката имав можност лично да се уверам во квалитетната изведба и функционалноста на новите тоалети. Наша цел и задача е нашите деца да имаат квалитетен престој и функционални детски градинки“, изјави Герасимовски по посетата на градинката.

Воедно, во програмата за 2022-ра година предвидена е и целосна реконструкција на фасадата и кровната конструкција на градинката „13 Ноември“ – објект Беко, со што се решава уште еден голем проблем, а децата ќе добијат уште подобри услови за престој во оваа центарска градинка.

Comments are closed.

Close Search Window