Активности|

Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и регулирање на сообраќајот во овој дел, Општина Центар утринава постави заштитни столпчиња кај фурната „Силбо“

Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по бројните поплаки од жителите кои пристигнуваат во општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос кој се создава на оваа делница.

Поставени се вкупно 47 столпчиња на улицата „Костурски Херои“, на потегот од раскрсницата со улицата „Радњанска“ до вклучувањето на булеварот „Партизански Одреди“, односно пред фурната „Силбо“.

Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата „Костурски Херои“ и ќе се намали метежот на овој потег.

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила, да ги почитуваат законските одредби при возењето и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња.

Comments are closed.

Close Search Window