ЈАВЕН ПОВИK за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година за финансирање на проект Street food викенд
21.04.2026
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект Street food викенд, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.
Герасимовски: Нова градинка кај Клинички, силна инфраструктурна динамика и богата програма за јубилејот на Центар
23.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во утринската програма на Канал 5 информираше дека паралелно се работи на повеќе инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во прва и втора фаза, на делницата од „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство.
Герасимовски: Игралиштето „Дрвен“ повторно во функција , со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите
20.04.2026
Едно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед. Заменети се детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.