Активности, Образование|

Градоначалникот Саша Богдановиќ одржа работен состанок со Активот на директори од општинските основни училишта и ги најави идните проекти што ќе се реализираат во Општина Центар.

Во наредниот период Општина Центар ќе започне проекти за реконструкција на спортската сала во ООУ „Димитар Миладинов“, доградба на училниците во ООУ „Коле Неделковски“, изградба на ново спортско и детско игралиште во ООУ „11 Октомври“, реконструкција на тоалетите во ООУ „Кирил и Методиј“, партерно уредување на дворот во ООУ „Кочо Рацин“ и реконструкција на кровната површина во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Со измените и ребалансот на Буџетот на Општина Центар за 2021 година предвидени се 1.755.000,00 денари за лица што ќе бидат ангажирани во основните училишта, односно лични и образовни асистенти за потребите на децата со попреченост во развојот. Општината дополнително ќе обезбеди 960.000,00 денари за набавка на нагледни средства и печатење на учебници за четврто одделение, 630.000,00 денари за ангажирање наставници по физичко образование за четврто и петто одделение и 3 милиони денари за ангажирање агенција за обезбедување на училишните објекти.

Во рамките на денешниот состанок беа презентирани предлози и идеи што Општина Центар може да ги преземе како локална самоуправа за подобрување на условите во општинските основни училишта, како и нови активности согласно новите измени во Законот за основното образование во Република Северна Македонија.

Comments are closed.

Close Search Window