Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ на 9 мај, дегустираме и се дружиме во Паркот на Франкофонија

30.04.2026
Општина Центар на 9 мај, во Паркот на Франкофонија, го организира настанот  „Нож и виљушка на европска чинија", целодневно гастрономско и културно доживување што ги спојува вкусовите, музиката и современиот урбан ритам.

ЈАВЕН ПОВИК За доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар-Скопје за купување велосипеди и е-велосипеди, и за купување на дополнителна опрема за велосипеди  и е-велосипеди , во 2026 година

29.04.2026
Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за  купување велосипеди, е-велосипеди и за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, звонче, безбедна сајла, катанец и сл., за велосипед, е-велосипед во 2026 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2026 година (”Службен гласник на Општина Центар- Скопје” број  5/26), Општина Центар – Скопје се грижи за животната средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до нов велосипеди, е-велосипеди  и дополнителна опрема за  велосипед и  е- велосипед.

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

27.04.2026
Општина Центар, со богата уметничка програма, го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.

Герасимовски: Сцена на отворено, музика и сеќавања, во понеделник го чествуваме роденденот на Горан Стефановски

26.04.2026
Општина Центар на 27 април, во понеделник, со почеток од 17 часот, кај спомен-клупата на Горан Стефановски, ќе одржи настан посветен на одбележувањето на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори и културни дејци.

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 95 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

27.04.2026
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 19.04 до 26.04.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 95 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈАВЕН ПОВИK за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година за финансирање на проект Street food викенд

21.04.2026
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект Street food викенд, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

Герасимовски: Бесплатна тура со стручен водич низ постземјотресните обележја, запознајте го Центар чекор по чекор

24.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната стручна едукативна тура, која ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид.

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички, силна инфраструктурна динамика и богата програма за јубилејот на Центар

23.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во утринската програма на Канал 5 информираше дека паралелно се работи на повеќе инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во прва и втора фаза, на делницата од „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство.

Гeрасимовски: Центар сам ќе се  грижи за хигиената, доколку Градот нема решение

23.04.2026
Општина Центар е подготвена да ја преземе надлежноста за одржување на хигиената доколку Градот не ги извршува своите обврски, порача градоначалникот Горан Герасимовски во дебатата „Топ тема“ на Телма ТВ.