Герасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар,  ја подигнуваме еколошката свест и одговорност

Активности
1
10.11.2026

Герасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар,  ја подигнуваме еколошката свест и одговорност

Општина Центар, во соработка со лиценцираната компанија  „Еко-текс груп“,  почна со поставување специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад,  пред основните училишта и детските градинки. 


„Првиот контејнер за текстилен отпад го поставивме пред ООУ „Коле Неделковски“. Преку ваквите иницијативи ги учиме децата, но и возрасните, да се однесуваат општествено и еколошки одговорно. Со едукација за собирање, рециклирање и повторна употреба заедно придонесуваме за почиста и поздрава средина“,  рече градоначалникот Горан Герасимовски.


Во првата фаза ќе бидат поставени 11 контејнери, а во втората уште девет, со што мрежата ќе опфати вкупно 20 локации.


Граѓаните во овие контејнери ќе можат одделно да оставаат стара облека, обувки и други текстилни производи. Наместо да завршат во комуналниот отпад, тие ќе бидат селектирани, сортирани и упатени на натамошен третман и рециклирање.


Со ваквите активности Општина Центар делува во согласност со принципите за заштита на животната средина, важечките законски прописи и меѓународните стандарди.

Галерија
Submitted by miai on 10.11.2026 - 12:57