Активности
12.08.2026
Адаптација на простор во ОУ “Димитар Миладинов” за Центар за дневен престој за лица со попреченост индивидуален третман, Општина Центар
Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира воспоставување на социјалната услуга “Дневен центар за индивидуален третман на лица со попреченост“ во Општина Центар.
За таа цел се објавува : Контролна листа на план за управување со животна средина и социјални прашања.
Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на потпроектот.
Доколку јавноста е заинтересирана со одредени прашања, има можност да ги достави до 14.8.2026 , користејќи го приложениот ОБРАЗЕЦ или со испраќање порака на следните е-пошти:
– vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk (одговорно лице од Општина Центар, Весна Михајлова Кукова)
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (одговорно лице од Единица за управување со проектот).
Документи