Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот,  брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Активности
1
15.07.2026

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот,  брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа.

„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации. Нашата цел е преку современи алатки да ја подобриме комуникацијата со граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да овозможиме полесен пристап до општинските услуги“, истакна Герасимовски.

Преку ГИС порталот, корисниците можат:
•    да ги следат сите новости, соопштенија и активности на Општината;
•    да се информираат за културната програма, јавните настани и манифестации;
•    да добиваат информации за тековните и планираните инфраструктурни зафати;
•    да учествуваат во анкети, консултации и граѓански форуми, со што активно придонесуваат во креирањето на општинските политики и приоритети.
Порталот постојано се надградува со нови функционалности и дигитални услуги. Еден од најкористените е модулот за градинки, преку кој родителите имаат персонализиран увид во активностите на своето дете, присуството, известувањата од градинката и други важни информации.

Во рамки на ГИС порталот достапни се и:
•    информации за Деталните урбанистички планови со можност за пребарување и електронско поднесување на барање за извод од ДУП;
•    3Д приказ на општината, Digital Twin – дигитален близнак со современа 3Д визуелизација на просторот;
•    Зелен катастар, кој овозможува детален увид во зелените површини, парковите и дрворедите;
•    информации за јавната инфраструктура, сообраќајната мрежа и останатите просторни податоци од значење за граѓаните.

Со развојот на ГИС порталот, Општина Центар создава  модерна, транспарентна и ефикасна локална самоуправа, достапна за сите граѓани

Галерија
Submitted by miai on 15.07.2026 - 10:46