Симулациска вежба за евакуација и безбедност на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Активности
1
03.12.2025

Денес имавме симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, каде што 515 ученици и вработени беа евакуирани брзо, организирано и безбедно.

Овие вежби не смеат да бидат формалност. Мора да станат редовна пракса во сите училишта, затоа што навремената и точна реакција спасува животи. По трагичниот пожар во објектот Пулс во Кочани, уште повеќе мора да ја подигнеме свеста за важноста на безбедносните подготовки.

Имавме можност да видиме и демонстрација на прва помош, а во вежбата активно учествуваа екипи на СВР, Црвениот крст и НОУП Центар, кои ги тестираа своите процедури и координација.

Во Општина Центар ќе продолжиме со инвестиции во безбедноста и редовни обуки во училиштата, затоа што најважно е секое дете да биде заштитено.

Submitted by marijah on 15.01.2026 - 15:25