ПОКАНА

Соопштенија
Јавен повик
Ве покануваме на јавна дебата за дефинирање на приоритети за јавен повик за граѓански организации кој ќе биде објавен на почетокот на 2026 година. Јавната дебата ќе се одржи на 17 декември 2025 (среда), со почеток во 12:00h, во салата на матично.
Општина Центар
12.12.2025

До:

Граѓанските организации од Општина Центар - Скопје

 

 

П О К А Н А

 

Почитувани,

Ве покануваме на јавна дебата за дефинирање на приоритети за јавен повик за граѓански организации кој ќе биде објавен на почетокот на 2026 година. Овие активности се спроведуваат во рамките на соработката на Општина Центар со Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во која Општина Центар учествува како спроведувач на локално ниво.

Јавната дебата ќе се одржи на 17 декември 2025 (среда), со почеток во 12:00 часот, во салата на Младински Центар “Матично“.

Целта на дебатата е да се претстават предложените приоритетни и подприоритетни области на општината и да се овозможи конструктивна дискусија со граѓанските организации пред нивно финализирање. Вашето учество е од голема важност за обезбедување транспарентен, инклузивен и ефикасен процес на планирање и финансирање на иницијативи од јавен интерес.

Предложени приоритети и подприоритети:

  1. Млади
    1. Поддршка на жртви на родово засновано насилство и семејно насилство, како и зајакнување на психолошката стабилност на жртвите.
    2. Развивање на вештини кај деца од основно образование во рамки на воннаставни активности со воведување на современи технолошки алатки.

 

  1. Култура
    1. Поттикнување самоодржлив развој на филмската уметност преку создавање на содржини согласно потребите на заедницата.
    2. Афирмација и промоција на локални традиционални музички и културни вредности со особен акцент на децата од училишна возрасти.

 

  1. Животна средина
    1. Заживување на отворен простор за реализација на културни, едукативни и рекреативни активности на граѓаните од општината.
    2. Подигнување на еколошката свест на граѓаните за одржување на чистотата на отворените јавни простори.

 

Ве охрабруваме активно да се вклучите, да ги споделите Вашите ставови и да придонесете кон креирање подобри решенија за заедницата.

За дополнителни информации, можете да се обратите кај координаторот за проектот ReLOaD 3, за Општина Центар – Скопје:

Весна Михајлова Куковска, vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk и на тел. 070 377 779.

 

Со почит,

                                                                                         

Општина Центар - Скопје

        Градоначалник

 

М-р Горан Герасимовски

                                                                                                _______________________

Submitted by miai on 12.12.2025 - 15:52