Денеска, Центар одбележува 49 години од формирањето на општината. Упатувам искрени честитки до сите центарци по повод 3 ноември, Денот на општината. Овој ден е потсетник на историјата, на традицијата и на визијата која нѐ обединува во градење модерна, хумана и просперитетна заедница.
Горд сум што заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар. Со заедничка посветеност реализираме бројни проекти што ја унапредуваат инфраструктурата, јавните услуги, зелените површини, културниот живот и условите за поквалитетно секојдневие. Центар денес е пример за активна, динамична и европска општина која расте, созрева и се менува во чекор со современите потреби на своите жители. Најважно ни е да градиме средина во која секој граѓанин се чувствува почитуван, слушнат и вклучен.
- Герасимовски
Нова успешна приказна се пишува секој ден, со труд, со одговорност и искрена верба дека можеме подобро. Продолжуваме да работиме за Центар да биде најдоброто место за живеење и создавање. На сите центарци им го честитам денот на нашата општина. Ви благодарам за довербата. Заедно одиме напред!
