Секторот за јавни набавки е задолжен за ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со сите аспекти на јавните набавки во Општина Центар - Скопје. Обезбедува стручна помош, насоки и активно придонесува кон успешното функционирање на институцијата и нејзините организациони единици.
Одделенија во рамките на Секторот за Јавни набавки
Во рамките на Секторот за јавни набавки функционираат две специјализирани одделенија: Одделение за администрирање на јавни набавки и Одделение за планирање и спроведување на јавни набавки.
Кети Штерјова
Одделение за администрирање на јавни набавки - мид
Одделение за планирање и спроведување на јавни набавки - мид
Работни цели, задачи и обврски на Секторот за Јавни набавки
Работни цели
Главна цел на Секторот е обезбедување целосна законитост, транспарентност и оптималност во процесите на јавни набавки , како и континуирано унапредување на професионализмот и капацитетите на вработените.
Работни задачи и обврски
Секторот за јавни набавки ги извршува следниве клучни задачи и обврски:
-
Организација и координација: Ја организира, насочува и координира работата на Секторот.
-
Контрола и надзор: Врши непосредна контрола и надзор врз извршувањето на работните задачи.
-
Распределба на задачи: Ги распоредува работните задачи на раководителите на одделенијата во рамките на Секторот.
-
Стручна помош и менторство: Дава стручна помош, совети и врши менторство на другите административни службеници вработени во организационата единица со која раководи.
-
Професионален развој: Се грижи вработените во Секторот стручно да се усовршуваат, како и за нивната работна дисциплина.
-
Годишен план за јавни набавки: Одговорен е за подготовката на годишниот план за јавни набавки во законски утврдениот рок.
-
Учество во работни тела: Учествува во работата на работните тела на Советот на Општината, кога е овластен за тоа.