Работни цели
Одделението има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно планирање и спроведување на јавните набавки , обезбедувајќи стручна помош и поддршка на институцијата и нејзините организациони единици.
Работни задачи и обврски
-
Организација, контрола и надзор: Ја организира, насочува, координира и врши контрола и надзор на работата на Одделението.
-
Стручна помош и менторство: Дава стручна помош, совети и врши менторство на другите административни службеници вработени во организационата единица со која раководи.
-
Оцена на службеници: Учествува во оцената на административните службеници во својата институција и на административните службеници во други институции.
-
Поддршка на раководен кадар: Го заменува или му помага на непосредно претпоставениот раководен административен службеник.
-
Следење и примена на прописи: Ги следи и применува законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки и од областа на канцелариското и архивското работење.
-
Изготвување план за набавки: Го изготвува планот за спроведување на јавните набавки.
-
Инструкции за комисиите: Дава инструкции и стручни совети на комисиите за јавни набавки.
-
Подготовка на тендерска документација: Учествува во подготовката на огласите и тендерските документации.
Билјана Велјанова