Раководител на Сектор за локален економски развој
Сектор за Локален економски развој
Раководител на сектор
Раководител на сектор за локален економски развој
Телефон
Опис на работната позиција
Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со организационата единица, континуирано следење и применување на прописите во сферата на стопанството, угостителството, туризмот и по потреба во други области и учество со давање совети, насоки и помагање при раководењето со институцијата или организационите единици во рамките на институцијата
Права и обврски
Ја организира, насочува и координира работата на Секторот;
Дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници вработени во организациона Секторот
Грижа за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во Секторот
Подготовка на план, програма и извештај за работа и како се спроведуваат во Секторот
Подготовка на мислења и анализи за прашања поврзани со одредени политики и реализација на програмата за работа на институцијата за што се потребни одлуки од највисоко ниво на институцијата
Се грижи и учествува во подготовката на годишната и среднорочната програма за соработка со збратимените градови и ја следи и се грижи за реализацијата на програмите за соработка со збратимените градови
Овозможува услови за поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото
Ги следи активностите од областа на угостителството, туризмот и занаетчиството, како и малото стопанство
Подготовка и предлагање иницијативи за да се решат одделни прашања и проблеми од делокруг на Секторот