Менаљ Џавид

Раководител на Одделение за односи со јавност и информирање на граѓаните
Сектор за поддршка на градоначалникот
Раководител на одделение
Раководител на Одделение за односи со јавност и информирање на граѓаните
Одделение за односи со јавност и информирање на граѓаните
Телефон
Опис на работната позиција

Ефикасно, ефективно, квалитетно и навремено извршување на работните задачи, транспарентно инфомирање на јавноста за активностите на градоначалникот и Општината и градење и одржување на имиџот на Општината.

Права и обврски
Ја извршува утврдената политика за да се информираат јавноста и медиумите и се грижи за транспарентноста во работењето на Општината
Се грижи и ја организира комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите и на секторите на Општината
Го координира начинот на кој се прибираат информациите од одделните сектори во општинската администрација и Советот на Општината
Го анализира дневниот клипинг и дневно го брифира градоначалникот на Општината
Го координира начинот на кој се даваат информации и се подготвуваат одговори на прашањата од граѓаните со другите сектори во општинската администрација
Одговорен е соодветно да се дефинираат содржините и информациите што се пласираат на веб-страницата на Општината;
Одговорен е да се организираат и да се спроведуваат анкети и јавни трибини по прашања од надлежност на Општината;
Организира, координира и учествува или непосредно изготвува одлуки и други прописи, програми, информации и други акти