Помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот
Сектор за поддршка на градоначалникот
Помошник раководител на сектор
Помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот
Телефон
Опис на работната позиција
Ефикасно, ефективно и квалитетно извршување на работите од подрачјата за кој е формиран Секторот, а кои се поврзани со функциите на Општината во согласност Законот за локалната самоуправа, други закони, прописи и општи акти.
Права и обврски
Ја организира, насочува и ја координира работата на Секторот; врши непосредна контрола и надзор над тоа како се извршуваат работите; им распоредува работи и задачи на раководителите на одделенијата во состав на Секторот
Дава стручна помош, совети и врши менторство на другите административни службеници вработени во Секторот
Се грижи вработените во Секторот стручно да се усовршуваат, како и за нивната работна дисциплина
Подготвува извештаи за тоа како се спроведува програмата за работа на Секторот и на одделенијата
Подготвува мислења и анализи за прашања поврзани со одредени политики и извештаи за тоа како се остварува програмата за работа на Општината, за што се потребни одлуки од највисоко ниво на Општината