Андријана Аларова

Раководител на Одделение за буџетска координација
Сектор за финансиски прашања
Раководител на одделение
Раководител на Одделение за буџетска координација
Одделение за буџетска координација
Телефон
Опис на работната позиција

Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со Одделението за буџетска координација согласно законските прописи од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, финансиското управување и контрола и други прописи поврзани со финансиското работење на Општината

Права и обврски
Им распоредува работи и задачи на вработените во Одделението и врши непосредна контрола и надзор како се извршуваат работите
Подготвува и предлага план за работа на Одделението и се грижи да се реализира планот за работа
Остварува редовни контакти со другите раководители и разменува информации и искуства
Ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, уредувањето на изворите на приходи на Општината итн. и се грижи за нивната примена
Се грижи навремено, законито и квалитетно да се изготват: буџетот на Општината, одлуката за извршување на буџетот, буџетскиот календар, завршната сметка и годишниот извештај
Следи како се извршува Буџетот на Општината и се грижи за подготовка на анализи и квартални извештаи за тоа како се извршува буџетот
Се грижи да се оствари и да се примена трезорското работење и се грижи за подготовка на месечни, квартални и годишни планови за трошење на средствата од буџетот на Општината и го следи нивното извршување