Раководител на Одделение за администратирање на јавни набавки
Сектор за јавни набавки
Раководител на одделение
Раководител на Одделение за администратирање на јавни набавки
Одделение за администрирање на јавни набавки
Телефон
Опис на работната позиција
Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење, давање совети, насоки или помагање при раководењето со институцијата или организационите единици во рамките на институцијата.
Права и обврски
Ја организира, насочува, координира, контролира и врши надзор на работата на Одделението;
Распоредува работи и задачи на вработените во организационата единица со која раководи;
Дава стручна помош, совети и врши менторство на другите административни службеници вработени во организациона единица со која раководи;
Учествува во оцената на административните службеници во својата институција и на административните службеници во други институции;
Го заменува или му помага на непосредно претпоставениот раководен административен службеник;
Одговорен е за водење регистар на постапките за јавни набавки и за доставката на податоците до Бирото за јавни набавки;
Ја остварува комуникацијата и се грижи за организацијата на стручната и техничка помош за Комисијата за јавни набавки;
Организира, координира и учествува или непосредно изготвува одлуки и други прописи, извештаи, програми, анализи, информации и други акти од областа на јавни набавки.