Ј А В Е Н  П О В И K за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање Божиќен базар

Соопштенија
Јавен повик
1
23.11.2026

1

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Програмата за Локален економски развој на Општина Центар – Скопје за 2026 година, точка 4, алинеа 7, Општина Центар-Скопје објавува

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање Божиќен базар

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на организација на Божиќен базар, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства за здруженија и фондации, од Програмата Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

  1. Опис на проектот што ќе бидат финансиски поддржан:

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на Божиќен базар, односно за организација и реализација на шестдневен настан на отворено.

Основна цел на проектот е промоција на локалните занаетчии, угостители и микро претприемачи од Општина Центар, да се поттикне празничниот дух, дружењето и солидарноста, како и афирмација на креативноста и локалното творештво.

            Во рамки на проектот треба да бидат опфатени:

  • Минимум 12 изведувачи – музичко сценски
  • Минимум 7 дејности
  • Минимум 2 детски активности

 

Здруженијата и/или фондациите треба да понудат креативени и иновативен проект со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во рамки на Предновогодишниот Божиќен базар на Општина Центар-Скопје.

Реализацијата на настанот е планирана за втората половина на декември, односно од 24 до 29 декември.

2. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства во износ од 1.000.000 денари планирани во Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

 3. Доставување извештај

Здружението на кое ќе му бидат доделени средства во согласност со овој Јавен повик, Програмата за локален економски развој и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2026 година по завршувањето на оваа програмска активност, имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за Локален економски развој на Општина Центар-Скопје.

4. Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженија со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализира проектот, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

- да се регистрирани како здружение во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;

       - да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку 3 (три) години;                                                                                                                           

       - да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;

- да имаат искуство во организација на повеќедневни настани (минимум 2 годишно) односно минумум 6 организирани настани;

- да имаат досега успешно реализирани средства добиени по Јавен повик.

- да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес.

- претходно искуство и организација на фестивали, базари или други слични манифестации.

5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

  1. Пополнета пријава на јавниот повик за финансиска подршка од општина Центар;
  2. Решение за регистрација на здружението или фондацијата или Тековна состојба од Централен регистер на РМ не постара од 6 месеци;
  3. Активна трансакциска сметка на здружението што се пријавило на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
  4. Завршна сметка за 2025 година и
  5. Извештај за реализирани проекти (организирани настани) на здружението за 2025 и 2026 година.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите.

Рок за поднесување на пријавите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година наменети за финансирање на проект Божиќен базар.

Називот на здружението што добило средства за овој проект ќе биде објавено на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).   

 

Документи
Submitted by miai on 24.11.2026 - 11:07