Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Активности
1
09.10.2026

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар


Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој потег се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз.


Покрај асфалтирањето, уредено е и одводнувањето на улицата, со цел да за данема задржување на атмосферските води на  коловозот. Со тоа, жителите добиваат подобри услови за движење и полесен пристап до своите домови.


„Од утре започнуваме со асфалтирање на дел од улицата „Истарска“ во Ново Маало. Овие зафати се дел од поширокиот план за реконструкција и обнова на уличната мрежа во Центар, што го ветив во програмата“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.


Општина Центар продолжува со уредување и подобрување на уличната инфраструктура, со цел жителите да имаат побезбедни и попристапни улици во своите населби.

Submitted by miai on 09.10.2026 - 15:17