П О К А Н А

Активности
1
25.09.2026

 

1

До:

Граѓанските организации од Општина Центар – Скопје

П О К А Н А

Почитувани,

Ве покануваме на јавна дебата за дефинирање на приоритети за вториот јавен повик за граѓански организации. Овие активности се спроведуваат во рамките на соработката на Општина Центар со Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП во која Општина Центар учествува како спроведувач на локално ниво.

Јавната дебата ќе се одржи на 30 септември 2026 (среда), со почеток во 12:00 часот, во салата на Младински Центар “Матично“.

Целта на дебатата е да се претстават предложените приоритетни и подприоритетни области на општината и да се овозможи конструктивна дискусија со граѓанските организации пред нивно финализирање. Вашето учество е од голема важност за обезбедување транспарентен, инклузивен и ефикасен процес на планирање и финансирање на иницијативи од јавен интерес.

Предложени приоритети и подприоритети:

  1. Култура и туризам
    1. Активности за едукација, промоција и зачувување на традиционални културни вредности преку иновативни алатки за трансфер на вредности и дигитализација со цел зачувување на духот и  културното наследство на општината.
    2. Поттикнување на алтернативен туризам преку промоција на традиционално занаетчиство, модерни занаети, културен туризам и еко туризам.
  2. Млади
    1. Активности за стекнување и развој на вештините кај младите кои не се дел од формалното образование за нивно зголемено вработување/самовработување;
    2. Поддршка на млади од ранливните категории семејства за зајакнување на нивното физичко, ментално и бихејвиорално здравје и поддршка на деца и млади во судир со закон;
  3. Животна средина

3.1 Промовирање на отворени јавни простори за реализација на културни, едукативни и рекреативни активности на граѓаните од општината.

3.2 Подигнување на еколошката свест на граѓаните за одржување на чистотата на отворените јавни простори.

Ве охрабруваме активно да се вклучите, да ги споделите Вашите ставови и да придонесете кон креирање подобри решенија за заедницата.

За дополнителни информации, можете да се обратите кај координаторот за проектот ReLOaD 3, за Општина Центар – Скопје:

Весна Михајлова Куковска, vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk.

Со почит,                                                                                                          

Општина Центар - Скопје

Submitted by miai on 25.09.2026 - 11:35