Герасимовски: Подобри услови за учениците , во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“

Активности
1
09.07.2026

Герасимовски: Подобри услови за учениците , во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за санација на инфраструктурата во ООУ „Димитар Миладинов“, со кои  ќе се подобрат условите за учење, работа и спортување во училиштето.

Во првата фаза се изведува нова канализациона мрежа, одвоена од атмосферската, со што се решава долгогодишниот проблем со затнување и прелевање на шахтите. Воедно, се реконструира санитарниот јазол до фискултурната  сала, каде се заменуваат старите водоводни и одводни цевки и се поставуваат нови санитарии.

„Во летниот период, локалната самоуправа планира санации во повеќе училишта на iсвоја територија, а во овој објект веќе се реализираат неопходни инфраструктурни зафати. Санацијата на канализационата мрежа во овој објект  беше неопходна за да се реши долгогодишниот проблем“, посочи Герасимовски.

Покрај тековните активности, во план е и реконструкција на кровот, како и санација на училниците на третиот кат и просторијата за наставниците, каде има протекување, за што е потребно зелено светло од Советот на Општина Центар.

Со овие вложувања, Општина Центар продолжува со уредување и зајакнување на училишната инфраструктура, со цел да обезбеди побезбедна, пофункционална и посовремена средина за учениците и вработените.

Submitted by miai on 09.07.2026 - 08:10