Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ на 9 мај, дегустираме и се дружиме во Паркот на Франкофонија

Активности
1
30.04.2026

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ на 9 мај, дегустираме и се дружиме во Паркот на Франкофонија


Општина Центар на 9 мај, во Паркот на Франкофонија, го организира настанот  „Нож и виљушка на европска чинија", целодневно гастрономско и културно доживување што ги спојува вкусовите, музиката и современиот урбан ритам.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно селектирана гастрономска понуда од сите меридијани, проследена со музичка програма што ќе се одвива во текот на целиот ден, од диџеј сетови, детска музика и блуз, па сè до вечерни настапи на македонски бендови.

„Ова веќе прераснува во убава навика за Центар. Како и секоја година, очекувам одлична атмосфера, дружење и уживање во вкусовите од различни кујни, во еден опуштен и отворен простор за сите граѓани“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во текот на денот ќе настапат повеќе изведувачи, меѓу кои диџеи, детскиот состав „Поточиња“, блуз музичари, а во вечерните часови ќе настапи групата ,,Куку леле”.


Настанот се одржува во рамки на одбележување на 50 години постоење на Општина Центар, а проектот е составен дел од Програмата за култура на локалната самоуправа за 2026 година.

Галерија
Submitted by miai on 30.04.2026 - 09:30