Активности
27.04.2026

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 95 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 19.04 до 26.04.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 95 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.