ЈАВЕН ПОВИК за практикантство во Општина Центар – Скопје

Соопштенија
Јавен повик
1
27.04.2026

 

ЈАВЕН ПОВИК

За практикантство во Општина Центар – Скопје

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за практикантство (ангажирање на практиканти) во Општина Центар – Скопје.

 

Јавниот повик е отворен од 27.04.2026 година и ќе трае до 10.05.2026 година. Практикантската работа ќе започне од 01.06.2026 година.

Со овој јавен повик ќе се овозможи на сите студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети да остварат практикантство во Општина Центар – Скопје, кои жители на општина Центар – Скопје.

Практикантството ќе се реализира во секторите на општината согласно можностите и потребите на општинската администрација  на општина Центар.

 

Потребно да се достават следните документи:

  • Барање за практикантство;
  • Доказ дека се студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети,
  • Лична карта и трансакциска сметка,
  • Кратка биографија (CV)

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик (27 Април 2026). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за текот на постапката.

Согласно член 7 од Законот за практикантство, Општина Центар ќе прифати максимум осум (8) практиканти, а согласно член 6 од истиот закон, правото на практикантство е еднократно, со максимално времетраење од 6 месеци.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-655 или на следната е-маил адреса: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk

                 

                                                       ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

                                       ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                                                                                                    Д-р Горан Герасимовски                                                                                     

Документи
Submitted by miai on 27.04.2026 - 10:14