ЈАВЕН ПОВИK за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година за финансирање на проект Street food викенд

Соопштенија
Јавен повик
Јавен повик
21.04.2026

 

1

    ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Програмата за Локален економски развој на Општина Центар – Скопје за 2026 година, точка 4, Општина Центар-Скопје објавува

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект Street food викенд

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект Street food викенд, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

  1. Опис на проектот што ќе бидат финансиски поддржан:

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на Street food викенд, односно за организација и реализација на викенд (петок-недела) настан на отворено.

Основна цел на проектот е промоција на угостителите и производителите на храна од општина Центар, како и создавање можност на граѓаните за дегустација на локално подготвена храна на отворено.

            Во рамки на проектот треба да бидат опфатени:

  • Минимум 7 угостители и производители на храна
  • Минимум 7 различни видови на храна
  • Минимум 3 културно забавни настани во текот на викендот, адаптирани за сите возрасни групи на граѓани.

 

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативени и иновативен проект со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во рамки на Street food викендот на Општина Центар-Скопје.

Реализацијата на настанот е планирана за втората половина на мај или првата половина на јуни 2026 години (во случај на неповолни временски услови, настанот може да се помести најдоцна до октомври 2026 година).

2. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства во износ од 600.000 денари планирани во Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

 3. Доставување извештај

Здружението на кое ќе му бидат доделени средства во согласност со овој Јавен повик, Програмата за локален економски развој и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2026 година по завршувањето на оваа програмски активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за Локален економски развој на Општина Центар-Скопје.

4. Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженија со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализира проектот, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

- да се регистрирани како здружение во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;

       - да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку 3 (три) години;                                                                                                                           

       - да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;

- да имаат искуство во организација на настани (минимум 2 годишно) односно минумум 6 организирани настани;

- да имаат досега успешно реализирани средства добиени по Јавен повик

- да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес.

5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

  1. Пополнета пријава на јавниот повик за финансиска подршка од општина Центар;
  2. Решение за регистрација на здружението или фондацијата или Тековна состојба од Централен регистер на РМ не постара од 6 месеци;
  3. Активна трансакциска сметка на здружението што се пријавило на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
  4. Завршна сметка за 2025 година и
  5. Извештај за реализирани проекти (организирани настани) на здружението за 2025 година.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите.

Рок за поднесување на пријавите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година наменети за финансирање на проект Street food викенд.

Називот на здружениети што добило средства за овој проект ќе биде објавено на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).   

 

 

                                                                                               ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

                                                                                               ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                       Д-р Горан Герасимовски             

Документи
Submitted by miai on 24.04.2026 - 12:36