Република Северна Македонија
БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ
за
За “Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Општина Центар“
Идентификациски бр.: MK-MOF-01-W-26-RFQ
- Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за “Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – општина Центар“, со Идентификациски бр. MK-MOF-01-W-26-RFQ
- Општина Центар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат “Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – општина Центар“, со Идентификациски бр. MK-MOF-01-W-26-RFQ.
- Процесот на набавка ќе се спроведе согласно набавниот метод “Барање за понуди-Request for quotations” согласно “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) шесто издание, 2025 година” и е отворен за сите понудувачи како што е наведено во Прописите за набавка.
- Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Елена Мицевска, контакт телефон 3 203 692, е-маил: elena.micevska@centar.gov.mk, и да извршат увид во Барањето за поднесување на понуди на адреса: ул. Михаил Цоков бр. 1, 1000 Скопје, во период од 07:30 до 15:30 часот, но не подоцна од 15:30 часот.
- Сите заинтересирани понудувачи треба да се пријават на е-маил адресата elena.micevska@centar.gov.mk, со детали за контакт на нивната компанија, вклучувајќи и електронска пошта (e-mail) со цел преземањето на Барањето за поднесување на понуди. Барањето вклучува и Анекси кои содржат: Анекс 1-предмер-пресметка, Анекс 2-основен проект, вклучувајќи технички опис и цртежи за објектот и Анекс 3-Услови за животна средина и социјални аспекти. До понудувачите кои доставиле барање/пријава целокупната документација ќе биде доставена на УСБ меморија или ќе биде испратена по електронски пат преку WeTransfer поради големината на Анексите. Документацијата испратена преку WeTransfer мора да се преземе најдоцна во рок од три дена, од денот на прием на мејлот.
- Понудите треба да бидат во дадениот формат заедно со во затворен плик, со ознака: Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор,: Идентификациски бр.: MK-MOF-01-W-26-RFQ, со назнака „Не отворај до 17.04.2026 година, до 15 часот – понуда за “Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – општина Центар“, адресиран и доставен на следната адреса:
Општина Центар
Ул. Михаил Цоков бр. 1, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
- Електронско доставување на понудите не е дозволено.
- Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
Оглас број
MK-MOF-01-W-26-RFQ.
Оглас објава
Оглас рок
Оглас состојба
Активен